• среда, 01 мај 2024

Шумски пожар под Пелистер, битолските пожарникари го контролираат

Шумски пожар под Пелистер, битолските пожарникари го контролираат

Битола, 1 април 2024 (МИА) - Екипи на Територијалната противпожарна единица - Битола и на НУ Национален парк Пелистер ставија под контрола шумски пожар кој попладнево избувна во атарот меѓу потпелистерските села Ротино и Цапари.

Во изјава за МИА, командирот на ТППЕ-Битола Горан Димковски истакна дека пожарот е се уште активен, но е под контрола.

-За жал неодговорни граѓани се причинители на пожарот кој е на 300 метри од површините на националниот парк Пелистер. На терен сме 18 пожарникари со 5 вискоопремени возила, а заедно со нас е и екипа пожарникари на НУ Национален парк Пелистер. Пожарот е локализиран за да не се придвижи кон боровата шума на Пелистер, но е блиску до регионалниот пат Битола-Ресен, рече Димковски.

Од ТППЕ-Битола потврдија дека остануваат на терен до целосно гаснење на шумскиот пожар во потпелистерието. мт/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан