• среда, 18 декември 2024

Штип одбележа 121 година од смртта на Гоце Делчев

Штип одбележа 121 година од смртта на Гоце Делчев

Штип, 4 мај 2024 (МИА) - Со положување цвеќе на спомен релјефот на Гоце Делчев на зградата на Ректоратот на Универзитетот што го носи неговото име, денеска се одбележа 121 година од неговата смрт.

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов истакна дека македонскиот народ му должи многу на Делчев, кој го посеал семето на нашата независна држава и воедно ни оставил аманет на демократски начин да се бориме и да ја рaзвиеме државата.

- Македонскиот народ, Штип и штипјани, му должиме многу на великанот кој го посеал семето на независна Македонија, којшто ни остави аманет на демократски начин да се бориме и да ја развиваме нашата држава. Дали го правиме тоа на вистински начин, останува да констатираат луѓето, кои живеат во Македонија и она коешто морам да го потенцирам, е дека градот Штип е град каде има три институции, што го носат името на учителот. Универзитетот, градската библиотека и основно училиште, каде се спроведува образовниот процес, каде се едуцираат младите генерации и се трасира патот на младите да го продолжат аманетот на великанот. Ние како чинители имаме одговорност да ја почитуваме неговата идеологија и да се бориме за независна, суверена и развиена Македонија, рече Јорданов.

Според ректорот на УГД - Штип, Дејан Мираковски, светот е поле за културни натпревари помеѓу народите - главната водилка по која се нижат активностите на универзитетот. вдј/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан