• среда, 15 мај 2024

Штипските училишта примија 423 првачиња

Штипските училишта примија 423 првачиња

Штип, 31 август 2023 (МИА) - Петте основни училишта, но и подрачните училишта во приградските населби и села во Општина Штип денеска го извршија свечениот прием на првачињата. Во училишните клупи годинава првпат седнаа 423 првачиња.

Бројката на ученици во прво одделение за една недела се зголемила, а се очекува во текот на наредната недела да се запишат и дополнителен број ученици, кои со своите родители се на сезонска работа.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов им посака топло добредојде на првачињата, во нивниот, како што рече, втор дом.

- Општина Штип втора година по ред заедно со општествено одговорни компании обезбеди анатомски ранци и училишен прибор за секое прваче. Сакам во оваа прилика да им посакам топло добредојде, вели Јорданов.

Инаку, утре е прв училишен ден во сите основни и средни училишта во Штип, кои започнуваат со редовна настава. вдј/цр

Фото: МИА  

Остани поврзан