• сабота, 11 мај 2024

Штипските ученици во акција за подигање на свеста на граѓаните да не фрлаат отпадоци

Штипските ученици во акција за подигање на свеста на граѓаните да не фрлаат отпадоци

Штип, 29 септември 2023 (МИА) - Пораки за чиста животна средина, транспаренти со содржина да не се фрлаат отпадоци по улиците и со надеж дека возрасните ќе ги следат стапките на децата. Учениците од основните училишта во Штип денеска се вклучија во акцијата за подигање на свеста кај граѓаните со цел да живееме во средина без ѓубре и отпадоци.

-Денес со децата од второ одделение од ООУ „Ванчо Прке“ Штип се собравме да покажеме како треба да ја чуваме нашата планета, да не фралем смет уште од мали нозе да се навикнуваат на таков ред, рече наставничката во ООУ ,,Ванчо Прќе", Весна Ничева.

Со соодветна манифестација настапија и децата од ООУ „Димитар Влахов“. Еден дел од учениците чистеа пред и околу училиштето. Учениците од останатите општински основни училишта во Штип поделија пораки на слуучајни минувачи со цел да проработи свеста кај граѓаните.

Во акцијата се вклучија и општествено одговорни компани кои и поделија подароци на учениците. Ваква акција претходно спроведоа двете детски градинки во Штип. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан