• четврток, 25 декември 2025

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работи

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар,  Жичарницата нема да работи

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови. дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан