• четврток, 04 јули 2024

Штипскиот градоначалник Јорданов потпиша меморандум за реализација на три проекти

Штипскиот градоначалник Јорданов потпиша меморандум за реализација на три проекти

Штип, 4 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставници од Фондација за развој на локална заедница (ФРЛЗ) Штип, од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, како и од Здружение за рурален развој ЛАГ Плачковица, денеска потпишаа меморандум за соработка за реализација на три инфрасктурни проекти.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов во изјава за МИА објаснува дека станува збор за меморданум што ќе овозможи реализација на три инфраструктурни проекти и тоа изградба на водовод во село Лакавица, летна сцена во паркот кај населбата Осми Ноември и памп патека.

Борис Шарковски од ФРЛЗ-Штип вели дека ова е дел од проектот „Направи разлика“, финансиран од USAID North Macedonia, кој се стреми за позитивен развој и подобрување на квалитетот на живот на луѓето и во руралните средини.

-Преку заедничките партнерства, обезбедивме техничка, финансиска и институционална поддршка, со што создаваме трајна и значителна промена на жителите во селото, подобрување на квалитетот на водата и непрекинато водоснабдување, оддржлив развој, а со тоа и квалитетен живот на следните генерации, со можност за развој на нови бизниси и инвестиции, со што ќе се стимулира и развој на економскиот статус на заедницата, рече Шарковски.

Проектите треба да се реализираат до 31 декември оваа година. вдј/цр

Фото: Општина Штип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан