• четврток, 16 мај 2024

Шпанска партија повика на бојкот на „Евровизија“ поради Израел

Шпанска партија повика на бојкот на „Евровизија“ поради Израел

Мадрид, 8 март 2024 (МИА) - Ионе Белара, лидер на сега веќе опозициската, левичарска партија Подемос во Шпанија, ги повика „сите демократски земји“ да ја бојкотираат „Евровизија“ поради присуството на Израел.

„Ако Израел, кој изврши геноцид, оди на 'Евровизија', ниедна земја што ги брани човековите права и е демократска не треба да учествува на овој 'Евросонг'. Ова е одвратно 'миење',“ наведе Белар на „Х“.

Од јануари партијата се обидува да спречи учество на Израел на „Евросонгот“, бидејќи тие веруваат дека израелските сили и властите вршат геноцид врз Палестинците во Газа. Предлогот до Собранието - за Шпанската радио-телевизиска корпорација РТВЕ преку државното Министерство за надворешни работи да преземе иницијатива за исклучување на Израел од музичкиот натпревар, не наиде на доволна поддршка од другите политички партии во Шпанија.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан