• сабота, 11 мај 2024

Шефовите на дипломатиите од Г7 на средба во Токио, на дневен ред Украина, Блискиот Исток и односите со Кина

Шефовите на дипломатиите од Г7 на средба во Токио, на дневен ред Украина, Блискиот Исток и односите со Кина

Токио, 7 ноември 2023 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Г7 денеска се среќаваат во Токио, на дводневни разговори посветени на војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што се заканува да ескалира во регионален конфликт. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Јапонија на состанокот на дипломатите на Г7, на кој се очекува да доминира војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Појасот Газа, пишува Гардијан. 

За време на средбата, шефовите на дипломатиите на Г7 планираат и видео разговор со нивниот украински колега Дмитро Кулеб, соопштија јапонските власти, наведувајќи дека Г7 се залага за поддршка на Киев. 

Најавувајќи ги разговорите со Кулеба, јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава нагласи дека нема да има промени во заложбата на Г7 за „строги санкции против Русија и силна поддршка за Украина... дури и во околности кога ситуацијата на Блискиот Исток се интензивира“, пренесуваат британските медиуми. 

Министрите за надворешни работи од Г7, во која се САД, Јапонија, Франција, Велика Британија, Италија, Германија и Канада, заедно со Европската унија, исто така, треба да разговараат за односите со Кина, која претходно ја повикаа да изврши притисок врз Русија да ја прекине нејзината агресија врз Украина. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан