• среда, 07 август 2024

Швјонтек прва со обезбедено место на завршниот ВТА турнир

Швјонтек прва со обезбедено место на завршниот ВТА турнир

Париз, 7 август 2024 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше на последниот ВТА турнир оваа сезона, објавија организаторите на турнирот.

Завршниот ВТА турнир ќе се одржи во Саудиска Арабија од 2 до 8 ноември.

Дваесет и тригодишната Швјонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз. 

Покрај тоа, годинава Швјонтек го освои Грен слемот Ролан Гарос, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мадрид и Рим. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан