Швјонтек и Хадад Маја се пласираа во полуфиналето на Ролан Гарос
- Полската тенисерка Ига Швјонтек и Беатриз Хадад Маја од Бразил ќе играат во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција.

Париз, 7 јуни 2023 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек и Беатриз Хадад Маја од Бразил ќе играат во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција.
Ова е епилогот по двете денешни четвртфиналиња во кои Швјонтек ја победи Коко Гауф од САД со 6:4 и 6:2, додека Хадад Маја ја совлада Онс Жабер од Тунис со 3:6, 7:6(5) и 6:1.
Двојката за другото полуфинале е Мухова (Чешка) – Сабаленка (Белорусија).
Наградниот фонд на „Ролан Гарос“ изнесува 49,6 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА