• вторник, 23 април 2024

Четири лица загинаа во несреќа на рели трка во Унгарија

Четири лица загинаа во несреќа на рели трка во Унгарија

Будимпешта, 24 март 2024 (МИА) - Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска кога возило кое учествувало на рели трка во Унгарија излетало од патот и налетало на гледачите, соопштија унгарските власти.

Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а најмалку седум лица се повредени. Несреќата се случила меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајот на северот на Унгарија.

Засега не е познато зошто возилото излетало од патот и налетало на гледачите.

На местото на несреќата се испратени амбулантни возила и неколку спасувачки хеликоптери.

Релито беше прекинато по несреќата. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан