• недела, 24 ноември 2024

Повеќе од 130 уапсени за време на пропалестинските протести во кампусот на Универзитетот во Њујорк

Повеќе од 130 уапсени за време на пропалестинските протести во кампусот на Универзитетот во Њујорк

Њујорк, 23 април 2024 (МИА) - Повеќе од 130 луѓе беа уапсени во текот на ноќта за време на пропалестинските протести во кампусот на Универзитетот во Њујорк, додека студентските демонстрации се зголемуваат во САД поради војната меѓу Израел и Хамас.

Њујоршката полиција соопшти дека 133 лица се приведени и ослободени откако им биле издадени судски покани, додека протестите се интензивираат и на Јеил, Универзитетот Колумбија и други кампуси, јавија американските медиуми. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан