• среда, 01 мај 2024

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Атина, 23 април 2024 (МИА) – Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција, а појавата беше најизразена на полуостровот Пелопонез, особено во јужниот дел и градот Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради големата концентрација на африканска прашина, небото ја промени бојата во жолто-портокалова, а локалните медиуми од Каламата коментираат дека градот денеска повеќе наликува на Каиро или Дубаи.

Сахарската прашина денеска ја зафати и Атина, но со помал интензитет во споредба со јужните делови на Грција.ср/

Остани поврзан