• петок, 17 мај 2024

Челзи е подготвен да плати 120 милиони евра за Леао

Челзи е подготвен да плати 120 милиони евра за Леао
Милано, 25 август 2022 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Рафаел Лео би можел да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Газета дело спорт“, Челзи е заинтересиран за потписот на 23-годишниот Португалец и е подготвен да плати околу 120 милиони евра. Актуелниот договор на Леао со Милан е до 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 70 милиони евра. Португалецот игра за Милан од август 2019 година. На 117 натпревари постигна 27 гола и 21 асистенција. зс/

Остани поврзан