• недела, 22 декември 2024

Чави се збогува со фановите: Од недела и јас ќе бидам навивач на Барса

Чави се збогува со фановите: Од недела и јас ќе бидам навивач на Барса


Барселона, 25 мај 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона Чави Ернандез, кој ќе се раздели со тимот по завршување на сезоната во Ла Лига, им се обрати на навивачите на каталонскиот гигант на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Почитувани навивачи, моето време на чело на Барселона ќе заврши в недела. Никогаш не е лесно да го напуштите клубот на вашиот живот, но тоа го правам многу гордо по две и пол години на чело на тимот кој беше како мое второ семејство“, порача Чави.
Барселона утре во последното коло од во шпанското првенство и и гостува на Севиља, а сезоната ќе ја заврши како второпласирана.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката и љубовта кои секогаш беа покрај мене и секогаш ми ја покажуваа истата љубов како кога бев фудбалер. Од недела јас ќе бидам само уште еден навивач на трибините. Јас го сакам само најдоброто за клубот кој секогаш ќе ме има на располагање“, напиша Чави. ег ФОТО: Икс
 

 

Остани поврзан