• среда, 15 мај 2024

Чави за враќањето на Нејмар во Барселона: Ништо не зависи од мене

Чави за враќањето на Нејмар во Барселона: Ништо не зависи од мене

Барселона, 9 август 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави се произнесе за можното враќање на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар во тимот.

 

-Овде ништо не зависи од мене. Минатата година веќе спомнав име на играч од друг клуб и тие се налутија. Да видиме што ќе се случи пред да се затвори преодниот рок, изјави Чави за „Marca“.

 

Нејмар во 2017 година се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. Оттогаш одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и 77 асистенции.

 

За Нејмар се сериозно се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан