• сабота, 18 мај 2024

Отровна материја расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош

Отровна материја расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје. 

Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа. 

Преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а информирана е и полициската станица  „Карпош“ од каде е добиена инфромација дека е испратена екипа на терен. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан