• четврток, 04 јули 2024

Црвен крст Кавадарци обучува граѓани за укажување прва помош 

Црвен крст Кавадарци обучува граѓани за укажување прва помош 
Кавадарци, 11 ноември 2022 (МИА) - Црвен крст Кавадарци обучува граѓани за укажување прва помош, информираа вечерва од хуманитарната организација.
- Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, на барање на противпожарното друштво „Сашко Гешовски" обучи 17 лица, коишто ќе знаат да укажат прва помош во случаи на потреба. Обуките по прва помош спроведени од страна на доктор - предавач и демонстратор  во училиштата, побудија голем интерес кај граѓанството во Кавадарци и Росоман, а има голем интерес за обуки и во корпоративниот сектор, соопштија од Црвен крст.
Оттаму нагласија дека целта е со овие обуки, поголем број на граѓани да се стекнат со знаења за укажување на правилна и навремена прва помош, во случај на повреда. свд/дма/

Остани поврзан