• петок, 01 март 2024

Центарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим

Центарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Поради одржување на два најавени протеста, утре во периодот од 11:00 до 14:30 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвиваат протестите. бд/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан