• петок, 12 јули 2024

Хезболах истрела десетици ракети врз Израел, откако е убиен висок командант

Хезболах истрела десетици ракети врз Израел, откако е убиен висок командант

Бејрут, 12 јуни 2024 (МИА) - Либанската шиитска група Хезболах денеска истрела десетици ракети врз Израел како одговор на нападот во кој загина висок командант на движењето.

Хезболах, поддржан од Иран, и Израел меѓусебно се напаѓаат по избувнувањето на војната во Газа во октомври минатата година. Ескалацијата на непријателствата ги зголемува стравувањата од уште поголем судир меѓу тешко вооружените противници.

Во израелски напад синоќа во село во јужен Либан загинаа тројца борци на Хезболах, како и висок командант на движењето Талеб Абдалах, соопштија три израелски безбедносни извори. Ова е највисокиот командант на Хезболах кој загина во повеќе од осуммесечната размена на огнот, рече еден од изворите.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека Абдалах загинал во нападот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан