• недела, 22 декември 2024

Десетина протести во Франција против сексуалното насилство

Десетина протести во Франција против сексуалното насилство

Париз, 19 октомври 2024 (МИА) – Во повеќе градови во Франција, меѓу кои и Париз и Лион, денеска пред судовите се одржаа демонстрации против сексуалното насилство.

Демонстрантите бараат закон и мерка за превенција од сексуално насилство. Тие носеа транспаренти „Што прави судството? и „Срамот нека оди на другата страна“.

Протестите се во организација на неколку феминистички групи и здруженија за заштита на децата, бидејќи изминатите месеци во Франција се откриени повеќе случаи на сексуално насилство и вознемирување.

Свештеникот Пјер, икона против сиромаштијата во Франција, е обвинет за сексуално насилство што доведе до отстранување на неговото име од улиците, плоштадите и училиштата во Франција.

Скандал што ја згрози Франција е и случајот на 72-годишната Жизел Пелико, чиј сопруг, Доминик е обвинет дека 10 години ја дрогирал и повикувал мажи да ја силуваат и тоа го снимал. Полицијата успеала да идентификува само 50 осомничени од 83 мажи кои се појавуваат на видеата на Доминк Пелико. Само 15 од нив признале силување, додека другите тврдат дека учествувале во сексуални дејствија. Дел од насилниците изјавиле дека мислеле оти жената се преправала дека спие. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан