• петок, 22 ноември 2024

Хамас е отворен за примирје и целосно повлекување на израелската армија од Газа

Хамас е отворен за примирје и целосно повлекување на израелската армија од Газа

Газа, 29 октомври 2024 (МИА) – Висок функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, рече дека палестинската група е отворена за преговори за можен договор што ќе стави крај на војната во Газа и ќе обезбеди целосно повлекување на израелската армија.

Според него, Хамас одговорил на барањата на меѓународните посредници да ги разгледа новите предлози за прекин на воените дејствија.

- Отворени сме за какви било предлози што би довеле до крај на агресијата на Појасот Газа, рече Абу Зухри. Тој додаде дека Хамас го поддржува секој договор што ќе доведе до траен прекин на огнот и ќе ги олесни страдањата на палестинскиот народ.

Зухри ги обвини израелските сили за намерно уништување на клучната медицинска инфраструктура и палестинските ресурси за цивилна одбрана, што дополнително ја влошува ситуацијата во Газа, која веќе се соочува со сериозна хуманитарна криза. Тој истакна дека изјавите за осуда и жалење од страна на палестинските лидери и политичките партии станаа недоволни.

Осврнувајќи се на регионалните односи, Хамас ги повика земјите кои ги нормализираа односите со Израел веднаш да ги прекинат билатералните односи, нагласувајќи ја потребата од посилен притисок врз Тел Авив.

Изјавите доаѓаат додека меѓународните посредници, вклучително и земјите од Блискиот Исток, се обидуваат да почнат разговори меѓу Хамас и Израел за да обезбедат услови за прекин на огнот и да ја олеснат хуманитарната помош за цивилите во Газа, пренесува Ал Џезира. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан