• недела, 24 ноември 2024

Си-Ен-Ен: Може ли Украина да се одбрани од руски интерконтитентални балистички ракети?

Си-Ен-Ен: Може ли Украина да се одбрани од руски интерконтитентални балистички ракети?

Атланта, 21 ноември 2024 (МИА) - Украина има батерии од ракетниот одбранбен систем Патриот, испорачани од САД и Германија, што се способни да ги пресретнат боевите глави на балистички ракети, според Missile Threat Project во Центарот за стратешки и меѓународни студии, јави Си-Ен-Ен.

Системот „Патриот“ е дизајниран да дејствува на боеви глави со сопствена експлодирачка боева глава или со кинетички пресретнувачи - таканаречената технологија „Hit-To-Kill“, што ја уништува боевата глава со директно погодување.

Пресретнувачите на Патриот имаат вертикален дострел од околу 20 километри и можат да одбранат област од околу 15 до 20 километри околу самата батерија.

Киев објави дека неговите вооружени сили успешно го користеле системот „Патриот“ за пресретнување на  руски балистички ракети „Кинжал 2023“, но „Кинжал“ е балистичка ракета лансирана од воздух истрелана од борбени авиони МиГ и е полесна цел отколку боева глава од ICBM. 

Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тоа го изјави претседателот Владимир Путин во телевизиско обраќање денеска до нацијата.

Путин додаде дека по нападот врз Русија со западни ракети, конфликтот во Украина доби глобален карактер.

 Путин изјави дека неговата земја тестирала нова ракета со среден дострел во денешниот напад против Украина и предупреди дека Москва може да ја искористи против земјите кои му дозволиле на Киев да истрела нивни проектили на руска територија.
- Неговото кодно име е Орешник, нагласи тој.

Путин во телевизиско обраќање до нацијата рече дека денешниот руски напад врз Украина е одговор на украинските напади на почетокот на оваа недела на руска територија со британски и американски ракети.

Рускиот лидер најави дека Русија ќе издаде однапред предупредувања пред нападите врз други земји за да се овозможи безбедно евакуација на граѓаните. Тој предупреди дека американските ПВО системи нема да бидат способни да пресретнуваат руски ракети.  зш/

Остани поврзан