• петок, 22 ноември 2024

Хамас ги поздрави мерките на Меѓународниот суд против Израел, но се надевал на наредба за прекин на огнот

Хамас ги поздрави мерките на Меѓународниот суд против Израел, но се надевал на наредба за прекин на огнот

Газа, 29 март 2024 (МИА) - Хамас синоќа ги поздрави мерките наметнати на Израел од страна на Меѓународниот суд на правдата (МСП), но, како што истакна високиот функционер на ова екстремистичко движење Басем Наим, тие се надевале и на наредба за прекин на огнот.

Сепак, Наим истакна дека се за поздравување мерките на МСП наметнати на Израел бидејќи, како што рече, со нив се бара крај на хуманитарната трагедија во Газа.

- Го поздравуваме секое ново барање за ставање крај на оваа хуманитарна трагедија во Газа и особено во северниот дел на Појасот Газа, но се надевавме дека судот ќе нареди прекин на огнот, како апсолутно решение за сите страдања на нашиот народ во Газа, рече Наим.

МСП при ОН вчера му наложи на Израел да преземе мерки, вклучително и отворање повеќе копнени премини за доставување храна, вода, гориво и други стоки за жителите на Појасот Газа. ссм/

фото: архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан