• петок, 17 јануари 2025

Халанд потпиша со Сити до 2034 година

Халанд потпиша со Сити до 2034 година

Манчестер, 17 јануари 2025 (МИА) - Додека навивачите на Манчестер Сити се подготвуваат за нови засилувања, откриено е дека најдобриот стрелец Ерлинг Халанд потпишал нов договор, пренесе „Атлетик“. Според информациите, тој е за цели 9,5 години - т.е. до летото 2034 година. Доколку го исполни, тогаш напаѓачот ќе има 34 години.

Претходниот договор на Халанд беше до 2027 година, но имаше откупна клаузула од 175 милиони евра. Токму тоа го загрижи раководството, а во новиот договор оваа клаузула е отстранета. Платата на Норвежанецот исто така се зголемува на околу 24 милиони евро нето за сезона.

Скандинавецот е во Сити од 2022 година, кога клубот го ангажираше од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра. Досега има 111 голови на 126 натпревари за „граѓаните“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан