• петок, 05 декември 2025

Швјонтек против Сабаленка за финале на Ролан Гарос

Швјонтек против Сабаленка за финале на Ролан Гарос

 

Париз, 3 јуни 2025 (МИА) – Петто рангираната светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска се пласираше попладнево во полуфиналето на Ролан Гарос во кое противничка ќе и биде, најдобриот женски рекет, Белорусинката Арина Сабаленка.

Швјонтек, која е четирикратна шампионка на Ролан Гарос (2020, 2022, 2023, 2024) во денешното четвртфинале ја совлада Украинката Елина Свитолина (ВТА-14) со 6-1, 7-5.

За 24-годишната Швјонтек ова беше нејзина 26 последователна победа на Ролан Гарос со која остана во трка да стане првата тенисерка во историјата која освоила четири последователни титули на грен слем турнирот во Париз.

Швјонтек има осум победи од 12 средби против Сабаленка, која стигна до полуфиналето без загубен сет. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан