• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Маркињос: Доаѓањето на Анчелоти влева надеж

Маркињос: Доаѓањето на Анчелоти влева надеж

 

Сао Паоло, 3 јуни 2025 (МИА) – Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација, Маркињос оцени денеска дека назначувањето на Карло Анчелоти за нов селектор им дава „надеж“ нему и на неговите соиграчи во тешкиот период во кој се наоѓаат.

„Овој нов почеток, оваа енергија, ни дава надеж во ова тешко време“, рече Маркињос на прес-конференција во Сао Паоло.

Италијанскиот стратег Анчелоти на 12 мај беше назначен за бразилски селектор, откако беше тренер на Реал Мадрид во претходните четири сезони.

Анчелоти во својата кариера има трофеи во Лигата на шампиони, три шпански титули со Реал Мадрид, две скудета со Милан, а ова ќе му биде прв пат да предводи национален тим.

На бразилската клупа Анчелоти ќе дебитира в петок против Еквадор, во натпреварот од 15 коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Бразил е на четвртото место во квалификациите, во кои шесте првопласирани репрезентации обезбедуваат директен пласман на следното Светско првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан