Мусети прв полуфиналист на Ролан Гарос
- Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети (АТП – 7) е првиот полуфиналист на овогодинешниот Ролан Гарос, а до своето второ грен слем полуфинале дојде откако вечерва го совлада Американецот Франсис Тиафо (АТП – 16) со 3-1 во сетови (6-2, 4-6, 7-5, 6-2).
Париз, 3 јуни 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети (АТП – 7) е првиот полуфиналист на овогодинешниот Ролан Гарос, а до своето второ грен слем полуфинале дојде откако вечерва го совлада Американецот Франсис Тиафо (АТП – 16) со 3-1 во сетови (6-2, 4-6, 7-5, 6-2).
Мусети минатата година беше полуфиналист на Вимблдон, а со денешната победа го задржа својот 100% ефект во четвртфиналето на еден грен слем турнир.
Во своите два претходни настапи во Париз, 23-годишниот Мусети беше елиминиран во осминафиналето (2023 и 2021 година).
Противник на Мусети во полуфиналето ќе биде победникот од натпреварот меѓу вториот носител и бранител на титулата, Шпанецот Карлос Алкараз и Американецот Томи Пол (АТП – 12). ег
ФОТО: ЕПА