• петок, 26 јули 2024

Фудбалерите на Барселона се сомневаат во проектот на клубот поради одлуката на Чави да си замине

Фудбалерите на Барселона се сомневаат во проектот на клубот поради одлуката на Чави да си замине

Барселона, 5 март 2024 (МИА) – Фудбалерите на Барселона не се чувствуваат комфорни и се сомневаат во проектот на клубот. 

Според „Diario Sport“, сомнежите на играчите произлегуваат од одлуката на Чави да си замине и неизвесноста кој ќе го замени како тренер на Барселона. И покрај резултатите кои не ги исполнуваат очекувањата, ангажманот на играчите е најдобар под водство на Чави.

Тренерот Чави лично агитираше за ангажманот на многу фудбалери од сегашниот состав, а овие играчи не знаат што ќе биде со нив под водство на новиот тренер. На пример, на иницијатива на Чави, Жил Кунде и Жоао Кансело се преселија во Барселона.

Шпекулациите дека клубот треба да продава играчи за да ги почитува економските правила исто така не му помагаат на тимот. На играчите им е непријатно.

Барселона е на третото место на табелата во Примера, со еден бод помалку од второпласираната Жирона и осум зад лидерот Реал Мадрид. На 12 март екипата ќе го одигра реванш натпреварот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Наполи (прв натпревар – 1:1). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан