• четврток, 21 ноември 2024

ОИ: Британските олимпијци нема да се хранат во олимпиското село

ОИ: Британските олимпијци нема да се хранат во олимпиското село


Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Британските спортисти се пожалија на недостиг и неквалитетна храна во олимпиското село во Париз, изјави првиот човек на британската олимписка асоцијација Енди Ансон, цитиран од весникот „Дејли мејл“.
Британските олимпијци не се задоволни од понудата во главниот ресторан во селото.
„Има недостиг на одредени видови храна: јајца, пилешко, одредени јаглени хидрати. Исто така, квалитетот е важен затоа што на спортистите им се служи сирово месо. Тие одлучија дека повеќе би сакале да јадат во нашиот ресторан во Клиши“, рече Ансон.
На квантитетот и квалитетот на храната во олимпиското село претходно е пожалија и натпреварувачи од други земји.
Олимпијадата во Париз свечено ќе биде отворена вечерва и ќе трае до 11 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан