• сабота, 27 јули 2024

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Берлин, 25 февруари 2024 (МИА) – Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски фестивал е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“ за враќањето во Африка на конфискуваните уметнички дела во периодот на колонијализмот.

Документаристичкиот есеј на француската режисерка со сенегалско потекло Мати Диоп го истражува враќањето на ограбеното кралско богатство на африканското кралство Дахомеј од Париз во денешна Република Бенин.

Додека извезуваше на сцената за да ја прими наградата, Диоп рече: „Ја поддржувам Палестина!“ и му се заблагодари на народот на Сенегал „за борбата за демократија“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан