• недела, 22 декември 2024

Фотографија на охриѓанецот Димче Коруноски најдобра на 18-тата Меѓународната изложба на фотографии „Православие на Интернет“ во Беочин

Фотографија на охриѓанецот Димче Коруноски најдобра на 18-тата Меѓународната изложба на фотографии „Православие на Интернет“ во Беочин

Охрид, 27 октомври 2023 (МИА) – Охриѓанецот Димче Коруноски е добитник на главната награда на Меѓународната изложба на фотографии „Православие на Интернет“, организиран од здружението „Беофото“ од Беочин, Република Србија.

Неговата фотографија насловена „Бог се јави“ снимена на охридското пристаниште за празникот Богојавление  - Водици е избрана за најдобра во конкуренција на 564 фотографии снимени од 126 автори од девет земји - Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Австралија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена в сабота на свечена церемонија што ќе се одржи во Центарот за култура во Беочин, во рамки на 18-тата Меѓународната изложба на фотографии „Православие на Интернет“. аб/са/

фото/беофото.рс

Остани поврзан