• среда, 28 август 2024

Форум на семејства на заложници: Спасувањето е чудесно, но потребен е договор за сите да се вратат дома од Газа

Форум на семејства на заложници: Спасувањето е чудесно, но потребен е договор за сите да се вратат дома од Газа

Тел Авив, 27 август 2024 (МИА) - Форумот на семејства на заложници го поздрави спасувањето на заробениот Каид Фархан ал Кади од Газа, но нагласи дека е неопходен договор за да се осигура ослободувањето на преостанатите израелски заложници, кои Хамас ги држи во Газа.

„Тој издржа 326 дена во затвореништво. Враќањето на Каид дома не е ништо помалку од чудесно. Сепак, мораме да запомниме: самите воени операции не можат да ги ослободат преостанатите заложници кои претрпеле 326 дена злоставување и терор. Договор е единствениот пат напред“, се наведува во соопштението на главната група за членовите на семејствата на заложниците. ссм/

фото: архива

Остани поврзан