• вторник, 17 декември 2024

Фон дер Лајен ќе ја посети Молдавија за да покаже поддршка пред референдумот за членство во ЕУ

Фон дер Лајен ќе ја посети Молдавија за да покаже поддршка пред референдумот за членство во ЕУ

Кишињев, 10 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе ја посети Молдавија за да разговара со прозападната претседателка, Маја Санду и да покаже поддршка пред претседателските избори во земјата на 20 октомври и референдумот за членство во Европската унија.

Санду ќе се бори за втор претседателски мандат на изборите, на кои ќе гласаат Молдавците и на референдум членството во ЕУ ќе биде запишано во Уставот како „стратешка цел“.

Молдавската полиција тврди сериозно руско мешање во изборите, што Москва го негира.

-Оваа посета ги нагласува сè поблиските односи меѓу Кишињев и Брисел, се вели во соопштението на молдавскиот претседателски кабинет.

Санду, кој остро ја осуди руската инвазија на соседна Украина, ја предводи кандидатурата на Молдавија за пристапување во ЕУ и се надева дека ќе ја има нејзината земја во унијата до 2030 година. Поранешната советска република, лоцирана меѓу Украина и членката на ЕУ, Романија, ги започна официјалните преговори за пристап во ЕУ во јуни.

Односите меѓу Молдавија и Русија се влошија во последните години. Прозападната влада во Кишињев ја обвинува Москва дека се обидува да ја собори и се меша во внатрешните работи на земјата. Москва ја обвинува Санду и нејзиниот тим за поттикнување русофобија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан