• вторник, 16 јули 2024

Флорида го отфрли кривичното дело против Трамп за незаконско чување доверливи документи

Флорида го отфрли кривичното дело против Трамп за незаконско чување доверливи документи

Taлахаси, 15 јули 2024 (МИА) - Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.

Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит.

Таа одлука доаѓа откако Врховниот суд објави дека претседателот има имунитет за службени дела, пренесува „Гардијан“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан