• петок, 20 декември 2024

Финска ќе издвои повеќе средства за одбраната, членството во НАТО и безбедноста

Финска ќе издвои повеќе средства за одбраната, членството во НАТО и безбедноста

Хелсинки, 4 септември 2024 (МИА) - Владејачката централно-десничарска коалиција во Финска планира да потроши повеќе за членството во НАТО, одбраната и безбедноста во 2025 година, додека ги намалува социјалните трошоци за да го олесни фискалниот дефицит, објави денеска коалицијата.

Коалицијата на премиерот Питер Орп воведе реформи на пазарот на труд и ги намали бенефициите за социјална помош, што ги налути синдикатите кои започнаа масовни штрајкови во март и април.

Финската економија е во рецесија од минатата година, погодена од високите каматни стапки и последиците од војната во Украина, а Владата наведе дека се потребни реформи за да се зголеми продуктивноста и да се намали дефицитот.

Владата најави дека трошоците за одбрана ќе се зголемат за 488 милиони евра на 6,5 милијарди, претежно преку набавката на нови борбени авиони.

Расходите за членството на Финска во НАТО од годинава ќе бидат зголемени за 67 милиони евра, а ветени се и повеќе пари за граничната служба и полициските сили. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан