• петок, 20 декември 2024

Најмалку 35 деца загинаа во стампедо во Нигерија

Најмалку 35 деца загинаа во стампедо во Нигерија

Абуџа, 19 декември 2024 (МИА) - Најмалку 35 деца ги загубија животите, а уште шест се тешко повредени во стампедо во градот Ибадан, Нигерија.

Инцидентот се случи за време на прослава во исламското училиште Басорун, каде се собрале илјадници луѓе. Според полицијата, стампедото настанало кога организаторите почнале да делат подароци и храна на присутните.

Осум лица, вклучително и директорот на училиштето, се уапсени и се води истрага за убиство. ссм/

фото: архива

Остани поврзан