• петок, 20 декември 2024

Обвинение за тероризам против осомничениот за убиството на рускиот генерал Кирилов

Обвинение за тероризам против осомничениот за убиството на рускиот генерал Кирилов

Москва, 19 декември 2024 (МИА) - Обвинение за терористички акт со смртни последици е поднесено против мажот осомничен за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов.

Басманскиот окружен суд во Москва на затворена седница одреди притвор за државјанинот на Узбекистан, Ахмад Курбанов, до 17 февруари 2025 година, јави ТАСС.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера информираше дека го уапсила осомничениот за убиството на генерал-polkovnik Кирилов, кој беше началник на единиците за радијациска, хемиска и биолошка заштита, како и неговиот помошник, мајор Иља Поликарпов.

Според ФСБ, напаѓачот поставил експлозивна направа што ги убила двајцата, а акцијата била нарачана од украинските специјални служби. Москва тврди дека на осомничениот му била ветена награда од 100.000 долари и азил во земја од Европската Унија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан