Филипинска војска: Телата на двајца пилоти пронајдени во близина на остатоци од борбен авион
- Телата на двајца пилоти и остатоци од филипински борбен авион се пронајдени денеска во планински регион на југот на земјата, каде што авионот бил распореден во ноќна мисија за борба против комунистичките герилци, соопшти филипинската војска.

Манила, 5 март 2025 (МИА) - Телата на двајца пилоти и остатоци од филипински борбен авион се пронајдени денеска во планински регион на југот на земјата, каде што авионот бил распореден во ноќна мисија за борба против комунистичките герилци, соопшти филипинската војска.
Вооружените сили на Филипинската команда источен Минданао соопштија дека телата се пронајдени околу 11 часот по локално време денеска, во близина на местото на урнатиот авион на планината Калатунган во провинцијата Букиднон.
Авионот ФА-50 ја изгубил комуникацијата за време на борбена мисија со други авиони кратко по полноќ, пред да стигне до целната област во јужната провинција Букиднон.
-Останатите авиони безбедно се вратија во воздухопловната база во централната провинција Себу по извршувањето на нападите, изјавија воени претставници.
Авионот ФА-50 беше распореден со други авиони на воздухопловните сили за да обезбеди борбена поддршка на војниците кои се борат со герилците на Новата народна армија во близина на градот Кабангласан во Букиднон, соопшти војската.
Засега не е познато што го предизвикало падот на авионот, кој филипинската влада го купи од јужнокорејска компанија пред околу една деценија.
-Во тек е истрага, соопштија воздухопловните сили. мс/
фото: МИА архива