• среда, 17 јули 2024

Феликс: Ливерпул? Најлошото нешто што може да ви се случи

Феликс: Ливерпул? Најлошото нешто што може да ви се случи
Мадрид, 6 февруари 2020 (МИА) - Sвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс истакна дека неговиот тим го добил најтешкиот можен противник во ЛШ. Шпанскиот тим ќе се соочи со Ливерпул, а за Португалецот, тоа е веројатно најтешката пречка во трката за четвртфиналето. - Секогаш е тешко на европските натпреварувања - против сите екипи. Ливерпул е во добра форма, одличен ритам и ќе биде тешко, како и на сите натпревари на ЛШ, но најтешко е против нив, верувајте ми, изјави Феликс за шпанските медиуми. Двете екипи се соочуваат едни со други во осминафиналето на Лигата на шампионите на 18 февруари, а првиот дуел е на „Ванда Метрополитано“.

Остани поврзан