Маунт: Трофејот од Лигата на Европа би можел да ги избрише спомените од повредите во последните две години
- Титулата во Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед би можела да ги избрише спомените од последните две сезони полни со повреди, изјави Мајзел Маунт, цитиран од англиските медиуми. 26-годишниот играч од средниот ред потпиша со тимот во јули 2023 година, но одигра само 25 натпревари за време на престојот на Холанѓанецот Ерик Тен Хаг на „Олд Трафорд“.
Манчестер, 19 мај 2025 (МИА) - Титулата во Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед би можела да ги избрише спомените од последните две сезони полни со повреди, изјави Мајзел Маунт, цитиран од англиските медиуми. 26-годишниот играч од средниот ред потпиша со тимот во јули 2023 година, но одигра само 25 натпревари за време на престојот на Холанѓанецот Ерик Тен Хаг на „Олд Трафорд“.
Маунт играше во првите седум натпревари на Рубен Аморим како тренер на „црвените ѓаволи“, но повторно се повреди на дербито со Манчестер Сити во декември. Тој се врати на теренот во април и би можел да биде стартер во финалето со Тотенхем во среда.
-Повредите не беа онакви какви што очекував. Не ми беше лесно, но цело време целев кон враќање. Само за тоа размислував и знаев дека повторно ќе добијам шанса, дека повторно ќе постигнувам голови. Не ја изгубив вербата и сакам повеќе. Сè уште не сум задоволен. Сакам да освојувам трофеи, што не е лесно овие денови, рече Маунт.
Играчот од средниот ред одигра 70 минути во поразот од 1-0 во петокот од неговиот поранешен клуб Челси, кој го остави Јунајтед на 16-то место во Премиер лигата само едно коло до крајот. Ова е најлошата сезона на клубот од испаѓањето во 1974 година.
-Не слушаме што се зборува за нас. Многу добро сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме и знаеме дека не игравме добро во првенството. Сепак, ние сме во финалето на Лигата на Европа и имаме намера да го освоиме. На овој начин ќе си гарантираме место во Лигата на шампионите и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го добиеме овој натпревар, додаде тој. дс
Фото: Архива