• петок, 05 декември 2025

Наполи размислува за трансфер на Дарвин Нуњез

Наполи размислува за трансфер на Дарвин Нуњез

Неапол, 19 мај 2025 (МИА) - Наполи ја истражува и можноста за потпишување на договорот со Дарвин Нуњез од Ливерпул.

„Небесносините“ активно бараат нов централен напаѓач пред претстојниот преоден рок. Виктор Осимхен се враќа од позајмицата во Галатасарај, но ќе замине со перманентен трансфер. Џонатан Давид од Лил се чини дека е најлогичната опција за јужњаците, но и Нуњез се појавува како опција со оглед на свежите финансиски ресурси што ќе се влеат од Осимен.

Времето за играње на Нуњез е намалено во Ливерпул, а од 2022 година, стрелецот така и не успеа да го покаже својот потенцијал во дресот на „црвените“.

Наполи го гледа уругвајскиот репрезентативец како силен кандидат за нивниот напад. Спортскиот директор Џовани Мана разговарал со придружбата на стрелецот, откако контактите меѓу двете страни се во рана фаза. дс

Фото: Архива

Остани поврзан