• сабота, 29 јуни 2024

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите за ЕП 2024

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите за ЕП 2024

Амавир, 24 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со победа против Луксембург од 4-0 (2-0) го почна денеска квалификацискиот турнир од Б дивизијата во Лигата на нации за пласман во Елитна рунда и место кое води на Европското првенство чиј домаќин идниот јули ќе биде Литванија.

На турнирот што се игра во Ерменија, македонската репрезентација дојде во водство против Луксембург со голот на Веса Села во 20. минута, а до крајот на полувремето предноста ја удвои Билјана Панеска (45+3).

Во вториот дел избраничките на селекторот Астрит Мерко ставија печат на триумфот со головите на Јована Павловска (52.) и Симона Мајер (68.).

На 27. октомври, македонските фудбалерки ќе се соочат со домашната Ерменија, а во завршното коло ќе играат против Украина на 30. октомври.

Пласман во Елитната рунда и продолжување на евроквалификациите ќе обезбедат победниците на шесте групи во Б дивизијата, како и најдобрата второпласирана репрезентација. ег/ир

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан