• петок, 20 декември 2024

Верстапен ги задржа нападите на возачите на Мекларен и победи на спринтот во Австрија

Верстапен ги задржа нападите на возачите на Мекларен и победи на спринтот во Австрија

Шпилберг, 29 јуни 2024 (МИА) - Макс Верстапен го освои својот трет Формула 1 спринт сезонава, откако триумфираше на кратката трка на Ред Бул Ринг каде што мораше да го искористи целиот свој талент за да ги одбрани нападите на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои завршија веднаш по него.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел, кој во првиот круг беше претекнат од Карлос Саинц во застанувањето за кривината бр.4 кога Шпанецот изврши одлучувачки напад на надворешната страна на кривината. Како што напредуваше трката, возачот на Ферари го загуби ДРС од возачите пред него и тоа му овозможи на Расел да ја врати позицијата непосредно пред половина пат.

Сепак, Саинц се спротивстави на другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заврши шести, пред Шарл Леклер и Серхио Перез, кои ги комплетираа бодовите. Леклер направи многу силен прв круг во кој освои три места, претекнувајќи ги Пјер Гасли, Естебан Окон и Перез последователно за да се искачи на седмата позиција откако стартуваше десетти.

Верстапен со победата во спринтот додаде уште два бода на водството во генералниот пласман, во кој има 227 бода. Норис е втор со 156, додека Леклер има 150 на третото место. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан