• вторник, 05 ноември 2024

Верстапен на пол-позиција за прв пат од Имола

Верстапен на пол-позиција за прв пат од Имола

Шпилберг, 29 јуни 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се врати на пол-позицијата по три трки откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австрија, 11-та трка во сезоната во Формула 1.

Трикратниот светски шампион порано во текот на денот славеше во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а нешто повеќе од три часа подоцна ја освои својата осма пол-позиција сезонава, прва по 40 дена и трката во Имола.

Верстапен до најдобрата стартна позиција стигна со време од 1:05.336 минути во круг, четири десетинки пред Ландо Норис со Мекларен.

Вториот возач на британскиот тим Оскар Пјастри беше трет, но по квалификациите беше преместен на седмото место бидејќи излета од патеката во брз круг со сите четири тркала.

Тоа значи дека најблиску до првите двајца е возачот на Мерцедес - Џорџ Расел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан