• понеделник, 01 јули 2024

У17: Македонските фудбалерки против Унгарија, Литванија и Андора во Лигата на нации

У17: Македонските фудбалерки против Унгарија, Литванија и Андора во Лигата на нации

 

Нион, 7 јуни 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците во Б – Дивизијата во Лигата на нации.

Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Б3 заедно со Унгарија, Литванија и Андора.

Мини квалификациските турнири во сите групи треба да се одиграат во периодот меѓу 1 јули и 3 декември.

Пласман во А дивизијата ќе обезбедат првопласираните репрезентации во седумте групи, како и најдобро второпласираната селекциа. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан