• петок, 27 декември 2024

УХМР: Најмногу дожд во Струмица, а најмалку во Битола

УХМР: Најмногу дожд во Струмица, а најмалку во Битола

Скопје, 2 јули 2023 (МИА) - Најмногу наврнат воден талог од 27 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Струмица, а најмалку во Битола, еден литар на метар квадратен.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следат Демир Капија со 26 л/м2 и Попова Шапка со 25, потоа Пожаране - 24, Прилеп и Виница  - 22, Штип - 21, Крушево и Охрид - 20 , Тетово - 19, Дебар - 17, Маврови Анови - 16, Берово - 15 , Куманово - 13, Скопје Зајчев Рид - 12, Крива Паланка - 7, Гевгелија - 5, Претор - 3 и Битола - 1.

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 29 степени. аа/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан