• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЈП Паркинзи-Битола ги отфрла како невистинити ставовите на Независниот синдикат во претпријатието

ЈП Паркинзи-Битола ги отфрла како невистинити ставовите на Независниот синдикат во претпријатието

Битола, 17 април 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи  ги отфрла како злонамерни, невистинити и неточни, надводите искажани на вчерашната прес конференција во Битола од претседателот на Независен синдикат на државна администрација Антонио Михајловски.

Според директорот на ЈП Паркинзи-Битола, Зоран Михајловски наводите се дегутантни, а комуницирањето на независниот синдикат преку медиуми со непотврдени и неточни информации, и под превезот на т.н. „синдикална активност“ се врши нарушување на угледот на јавното претпријатие, а со тоа и на работниците кои чесно ја заработуваат платата.

-Наводите дадени на вчерашната прес конференција, ги отфрлам како злонамерни, невистинити и неточни, и истите ги оценувам во најмала рака како дегутантни. Набавките за заштитна опрема за вработените се вршат врз основа на процената на ризик по работни места во која е детално прецизиран видот, степенот на заштита како и роковите после кои се врши замена на истата затоа што тоа е законска обврска која е предвидена во Законот за безбедност и здравје при работа. Следен период кој е предвиден за набавка на ХТЗ опрема е годинава и за истото е веќе предвидена позиција во Годишниот план за јавни набавки, истакна директорот на ЈП Паркинзи-Битола, Зоран Михајловски.

Во изјава за медиумите, првиот човек на битолски Паркинзи посочи дека бројот на дисциплински постапки во претпријатието е соодветен на бројот на прекршоци констатиран при редовните проверки кои ги вршат одговорните лица на терен, и истиот зависи од почитувањето на обврските кои произлегуваат од договорите за вработување и Законот за работните односи, а не од припадноста на некоја Синдикална организација.

-Распоредувањето по работни места произлегува од моменталните потреби со кои се соочуваме и тоа не е нова пракса ниту во нашето Јавно прептијатие, ниту во останатите. Тоа зависи од потреби кои се од сезонски карактер, но и од вонредно појавени услови како што беше стопанисувањето со лизгалиштето во изминатиов период. Пагем, сите претходни наводи се соодветно документирани, изјави Михаловски.

Од менаџментот на ЈП Паркинзи-Битола потврдија дека соработката со другите две Синдикални организации во континуитет е на високо и професионално ниво, но сепак, предочи директорот Михајловски, сметам дека со ваквиот начин и со непотврдени и неточни информации и под превезот на т.н. „синдикална активност“ само се врши нарушување на угледот на јавното претпријатие, а со тоа и на останатите работници кои секојдневно макотрпно и чесно си ја заработуваат платата.мт/

Фото: МИА

Остани поврзан