• среда, 10 јули 2024

Утрово најсвежо во Лазарополе

Утрово најсвежо во Лазарополе

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Утрово е најсвежо во Лазарополе, 14 степени, а најтопло, 25 степени, е во Демир Капија. До 08:30 часот се измерени и 16 степени во Берово, 17 во Маврови Анови и Попова Шапка, 18 во Крива Паланка, 19 во Охрид, Претор и Крушево, 20 во Битола и Тетово, 21 во Прилеп и Струмица, 22 во Скопје-Петровец, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Куманово и Дојран, 23 во Штип и Велес, како и 24 во Скопје - Зајчев Рид. 

Според УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 32 до 39 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 37 степени. мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан