• понеделник, 24 јуни 2024

Утре без вода две улици во Кисела Вода

Утре без вода две улици во Кисела Вода

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 39, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода.

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан